МК Сцена
Промовиран спот и двоен албум на Јовица Мицевски Бамбус (ВИДЕО)
Првиот двоен албум на Јовица Мицевски Бамбус беше промовиран денеска во „Скајбар“ во „Хотел Русија“.
Според авторот, „Скопје во сон“ и „Божја заповед“ споени во еден албум се две цедиња со различен стил. Едниот негува поп-фолк стил, а „Божја заповед“ – класична фолк македонска музика.
За насловната песна веќе е снимено и видео, а тоа всушност говори за податокот дека Мицевски сериозно работи на проектот кој треба да значи едно ново поглавје во неговата долгогодишна музичка кариера.




