МК Сцена
МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА: Една незаборавна ноќ со Медитеранот на дланка (ФОТО)
Во срцето на Скопје под отворено небо се одржа Мала Италија патува.
Настан на кој Павле Камилоски и Христо Арсовски, двајца автодидактички македонски пејачи, ја претставија шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни.
За време на нивниот настап атмосферата беше преплавена од емоции, воздишки и уживање.






