Прво интервју на Тревис Скот по трагедијата на неговиот концерт (ВИДЕО)
Раперот Тревис Скот (30) изјави дека не ги забележал посетителите на концертот кои молат за помош, за време на неговото прво интервју по трагедијата на Astroworld, во која загинаа 10 фанови, а стотици беа повредени.
Во текот на едночасовното интервју со Charlamagne tha God , водителот на радио емисијата Breakfast Club, Скот беше сериозен и вознемирен. Тој рече дека не знаел за ништо лошо додека не се свика прес-конференција по неговиот сет.
Кога водителот ги спомна сведоштвата за посетителите на концертот кои молат за помош меѓу песните, раперот рече дека би го прекинал својот настап доколку бил свесен.




