МК Сцена
Рада Манојловиќ и Аца Лукас за рекордна трета фестивалска вечер на Пивофест (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Фестивалот на пивото ги сруши рекордите на посетеност!
Повеќе од стоилјадна публика се собра синоќа во Прилеп на третата вечер од „Пивофест 2016“. Фестивалот на пивото и на скарата по 14. пат покажа зошто е најголемиот и најдобар од овој тип на Балканот.
Третата вечер ја отвори Миле Кузмановски, а публиката подготвено ја очекуваше „Не кани ме“ за во еден глас да го натпеат дури и него.
