МК Сцена
Разиграна забава со танц и музика овој четврток на базен Аеродром
Овој четврток, на 16-ти јули, на Базен Аеродром ќе се случува една сосема поинаква и разиграна забава.
Со почеток од 12 часот на пладне, па се’ до 16 часот сите посетители и присутни ќе може да уживаат во звуците на кубанската, латино и ча-ча звуците заедно со триото Cubano Soy кои со својот начин на игра и танцување никого нема да остават рамнодушен.
Ова танц трио, Cubano Soy, кои импресионираат со своето танцување и начин на игра, во четврток ќе ги разиграат и расположат сите оние кои ќе решат вториот дел од своето работно време да го поминат на Базен Аеродром.





