МК Сцена
Рехаб, еден од најбараните диџеи во светот, со настап во Скопје
Скопјани ќе имаат посебна привилегија на 18 декември во „Метрополис арената“ да присуствуваат на повеќе часовна електроденс-забава која по сè изгледа ќе ја одбележи 2015 година.
Во Скопје ќе допатува еден од најдобрите диџеи на денешницата, белгиецот Рехаб, кој се наоѓа на листата на 10. најбарани диџеи на планетата. Европската публика особено го памети по неговите настапи на познатиот фестивал „Tomorrowland“, па за тоа диџеј Рехаб е нешто што ѝ недостигаше на нашата метропола.
Во неговото портфолио влегува и соработката со еминентните имиња како Келвин Харис, Хардвел и уште неколку други.




