МК Сцена
Рекордна посетеност на отворањето на Пиволенд 2016 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со настапот на Д Чикс, Д Планктонс, Блек енд вајс соушл клаб, Влатко Илиевски и Акустик дивижн, Рибља чорба и Диџеј Дуоз вчеравечер на скопското Кале почна деветтото издание на традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“.
На отворањето на „Пиволенд 2016“ присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.
Во текот на пет фестивалски денови, до 4 септември, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе имаат можност да дегустираат пиво и гурмански мезиња, да проследат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и да уживаат во катчињата за забава.











