Музика
Ријана и Леонардо ди Каприо фатени во слатко шепотење (ФОТО)
Познатата пејачка Ријана и актерот Леонардо ди Каприо повтоно се „уловени“ заедно.
Имено, како и сите други познати личности и тие се појавија на славнаиот музички фестивал „Коачела“. Иако се обидуваа да се скријат од погледите на љубопитните, Ријана со очилата за сонце, а Лео со капа, сепак не можеа да останат незабележани, па нивната „дружба“ повторно поттикна гласини дека се заедно.
Иако Ријана не се вклопува во типот на жени на кои „паѓа“ славниот Оскаровец, се чини дека Ди Каприо никогаш неможел да и одолее на пејачката, а првите гласини за тоа дека меѓу нив „има нешто“ се појавија во јануари 2015 година.




