МК Сцена
Мите и Адам со македонски песни во финалето на „Пинк ѕвезди“ (ВИДЕО)
“Зајди, зајди” и “Усни на усни” во “Ѕвездите на Пинк”
Македонските учесници во музичкото шоу “Пинк ѕвезди” вечерва ја имаат последната шанса да се борат за победа во музичкото натпреварување. Благодарение на вашите гласови се пласираа во финалето на шоуто, а благодарение токму на тие гласови ќе може да стигнат до високите прво и второ место.
Гласањето тече постојано, линиите за гласање за нашите кандидати Адам Лабунски и Мите Стоилков се отворени. Низ неколку пресеци ќе бидат елиминирани 12-те финалисти се’ додека не се дојде до прогласувањето на победникот.






