МК Сцена
Сѐ е подготвено за јубилејното 10-то издание на Баскерфест
Сѐ е подготвено за јубилејното 10-то издание на Баскерфест 2015. По 10 години овој фестивал прерасна во најурбаниот и најпосетуваниот уличен фестивал на Балканот со над 100 учесници од 50 земји во светот.
Оваа година локацијата на одржување е плоштадот Филип Втори( до Камениот Мост, кај музејскиот комплекс), со престави на два стејџа и Пивска Градина со настапи на музичари од Македонија, но и странски бендови.
Секојдневно од 18:00 до 22:00 ќе има уличен театар, жонглери, кловнови, шоу со оган, одење по жица, магионичари, брејкденсери и аниматори, а до 01:00, односно за викенд до 02:00 публиката ќе може да ужива во настапи во живо на македонски музичари, како и на гостите од странство.





