МК Сцена
Во сабота голем Мото Фестивал на врвот на катната гаража „Македонска фаланга“
Фотографијата е преземена од Вистина.мк
Мото клубот „Ноќни Волци Македонија“ и оваа година организира Мото Фестивал и Тату конвенција кои ќе се одржат на 13-ти јуни (сабота) во Скопје.
На 13-ти јуни организирана е целодневна програма исполнета со тетовирање, мото игри, егзибиции, награди, мото дефиле, а за добрата атмосфера ќе се погрижат бендовите „The Backdoor Band“ и „SouthPark“.




