МК Сцена
САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс и Негатив на јубилејниот скопски Пиволенд
Десеттиот јубилеен роденден на Пиволенд, традционално ќе се одржи на Скопското Кале, од 7-ми до 12-ти август.
Почнувајќи од 2008 година досега, на фестивалот настапиле големи имиња од светот на музиката кои оставија свој белег на Пиволенд- Stereo MC’s, Суперхикс, Есма, Психомодо Поп, Дубиоза Колектив, Kosheen, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ортодокс Селтс, Синтезис, Кирил Џајковски, Гоце Арнаудов, Ритам Нереда, Ареа, Фолтин, Филм, Мањифико и уште многу други.
На овогодинешното јубилејно издание, посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ.





