Музика
Малезија ја забрани песната „Деспасито“ поради „неисламски“ текст
Властите во Малезија забранија емитување на популарната песна „Деспасито“, поради „неисламската содржина“ на текст на овој планетарен летен хит.
Оваа држава во југоисточниот дел на Азија имаа строги закони за цензура, поради кои и порано забранувала песни, филмови и други содржини со „чувствителни теми“.
– Песната „Деспасито“ повеќе нема да се емитува на државните радио станици и телевизии поради големиот број жалби од јавноста кои ги добивме. Текстот на песната не е соодветна за слушање и е неисламски, изјави малезискиот министер за комуникации Салех Саид Керуак.




