Музика
Салвадор Собрал, победникот на Евровизија, доби ново срце
Португалецот Салвадор Собрал кој победи на последното издание на изборот за песна на Евровизија заздравува во болница, после извршената операција трансплантација на срце.
Пејачот објавил дека операцијата поминала добро, а тоа го потврдил и хирургот Мигел Абесасис кој го оперирал.
– „Салвадор беше добро примен. Тој е млад човек кој ги разбира потешкотиите на оваа процедура“, изјави докторот.




