Музика
Северина обвинета за кражба на песна на Ријана
Најновиот спот на Северина за песната „Секунда“ од објавувањето во понеделник веќе има над 900.000 прегледи, а голем број од оние кои го виделе се согласуваат дека песната е идентична со дуетот на Ријана со Ди-Џеј Келвин Харис, „We found Love“.
Многумина сметаат дека освен музиката и спотот потсетува на видеото на Ријана, бидејќи и Северина скока во голем број брзи динамични кадри.




