МК Сцена
Шон Пол ги поздравува македонските фанови! (ВИДЕО)
Одбројувањето до најголемиот музички спектакл летово, концертот на една од најактуелните светски ѕвезди во моментов – уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол – може да почне!
Настапот на сопственикот на најактуелните светски хитови и соработките со ѕвезди од калибарот на Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета… е закажан на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје со почеток од 20 часот.
Шон Пол во Скопје доаѓа во склоп на летната турнеја и со својата комплетна 17-члена екипа која вклучува танчари, бенд, како и техничка поддршка. Поради следниот закажан концерт Греми добитникот во главниот град нема да се задржи долго, но судејќи според рајдер листата тоа ќе му биде сосема доволно да се запознае и со домашната публика и со главниот град. Во однос на барањата што треба да има на располагање пред и по концертот, слободно може да се заклучи дека е и повеќе од скромен, а неговата листа со барања изгледа отприлика вака – доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и храна која би требало да е свежо приготвена…




