Шоубиз
Шакира откри кој пејач и помогнал за време на разделбата со Пике
Колумбиската пејачка Шакира (47) се разведе од фудбалската ѕвезда Жерар Пике (37) пред повеќе од две години, а неодамна откри кој и бил најголем поддржувач во тешкиот период.
Таа за магазинот „Rolling Stone“ откри дека тоа е пејачот на групата „Coldplay“, Крис Мартин.
– Беше со мене кога се разделивме и кога бев скршена. Секој ден проверуваше како сум и ми испраќаше зборови на поддршка – изјавила пејачката.






