Шоубиз
Бритни Спирс е бремена: Ќе стане мајка по трет пат
Светската поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари.
-Загубив толку многу килограми за да одам на одмор на Мауи, за пак да се здебелам… Си мислев ‘Господе… Што му се случува на мојот стомак???’ Сопругот ми рече дека сум „бремена со храна“. Сепак, земав тест за бременост, па по 4 дена уште повеќе се здебелив. Бебето расте! Ако има две бебиња не знам што ќе правам – напишала 40-годишната пејачка, а следеa бројни честитки.




