Шоубиз
Скоро две децении од првата свршувачка: Бен Афлек повторно ја запроси Џеј Ло
Ќе се венчаат Џенифер Лопез и Бен Афлек!
Лопез ја сподели веста со светот со ексклузивен видео клип објавен во на нејзината веб страна. На видеото се гледа како Лопез со солзи во очите го покажува својот нов веренички прстен – бледо зелен дијамант со смарагд. Суперѕвездата сподели тизер од клипот на нејзините страници на социјалните мрежи каде напиша: „Голема објава!!!! Фановите набрзо почнаа да испраќаат пораки со честитки до парот на Твитер и Инстаграм по големото откритие.




