Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дејвид и Викторија Бекам ја продаваат вилата во Лос Анџелес бидејќи им е мала

Шоубиз

Дејвид и Викторија Бекам ја продаваат вилата во Лос Анџелес бидејќи им е мала

Иако луксузната вила на семејството Бекам во Лос Анџелес има прекрасен поглед и базен, Дејвид и Викторија се одлучиле да ја продадат, бидејќи била премногу мала и нема доволно простор за фудбал. Сега сакаат да купат нова и поголема вила. 

Дејвид и Викторија Бекам веќе девет години живеат во Лос Анџелес, а славната двојка планира да купи нова недвижност, бидејќи сегашниот дом им е премногу тесен.

Брачната двојка во САД живеат на лусузен имот кој се протега на 5.000 метри квадратни, а вилата која ја купиле за 14 милиони долари зазема околу 1.200 метри квадратни.

На имотот се наоѓа и голем базен, но тоа што му недостасува на Бекам е фудбалски терен, поради што сега сакаат да го продадат својот дом.

– Немаат место за игралиште, па децата мора да одат кај Гордон Ремси или Елтон Џон кога сакаат да играат фудбал” – рекол неименуван извор близок на семејството Бекам, додавајќи дека славната двојка сега бара куќа која ќе ги задоволи сите нивни критериуми.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.