Шоубиз
Комичарот Џими Кимел домаќин на доделувањето на Оскарите
Џими Кимел, водител на комични вечерни телевизиски емисии, ќе биде домаќин на следната 89-та церемонија за доделување на наградите Оскар, соопшти американската Академија на филмски уметности.
Кимел во септември по вторпат беше домаќин на церемонијата за доделување на музичкие награди Еми.
Инаку Академијата многу подолго од вообичаено чекаше со објавување на името на домаќинот на оваа свеченост, што ќе се одржи на 26 февруари 2017 година.




