Додека Душко прославуваше роденден, Карлеуша и ќерките ја напуштија државата
Поради неодамнешниот скандал во семејството на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша српските медиуми будно го следат секој чекор на парот. Медиумите забележале дека контроверзната пејачка Јелена (43) отпатувала во Дубаи на денот на прославата на роденденот на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (37).
И додека фудбалерот на социјалните мрежи споделуваше разни честитки кои му ги испраќаа пријателите и колегите, Јелена споделуваше фотографии и видеа од луксузниот хотел во кој престојува со своите соработници и ќерките Ника и Атина.




