Шоубиз
Голем концерт во замокот Виндзор за крунисувањето на кралот Чарлс Трети
Екстравагантен концерт се одржа во замокот Виндзор во чест на кралот Чарлс III и кралицата Камила, еден ден по церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија.
Британскиот актер Хју Бонвил го модерираше настанот од огромната сцена во Виндзор, а на тој исклучителен настан во публиката имаше околу 20.000 поканети Британци кои со извици на воодушевување ги пречекаа новокрунисаниот британски крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила.
Ним им се придружија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои дојдоа со нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Сепак, многумина забележаа дека овој пат не беше присутен најмладиот член, принцот Луис (5), па ја коментираа ситуацијата на социјалните мрежи.




