Шоубиз
Кајли Џенер откри дека го променила името на својот син
Познатиот пар Кајли Џенер и Тревис Скот се уште „играат“ со името на нивниот новороден син кого го добија на почетокот на февруари оваа година.
Кајли на својот Инстаграм профил ги извести своите 320 милиони следбеници дека го променила името на својот син.
-Само да ви кажам, името на нашиот син повеќе не е Волф. Навистина не ни одговараше за него. Само сакам да споделам бидејќи насекаде го гледам името Волф – напиша ријалити ѕвездата на Инстаграм стори.





