Се огласи Карлеуша по семејната драма: „Сè се претвори во циркус“
Пејачката Јелена Карлеуша (43) на Божиќ го пријави сопругот Душко Тошиќ (36) во полиција за семејно насилство. Душко бил приведен во полициска станица и добил 48 часа забрана да и се приближува на пејачката. Јелена не сакаше да оди во станица и да даде изјава, а денеска на социјалните мрежи напиша што мисли за семејната драма.
– Ги замолувам медиумите да престанат да ме малтретираат мене и моето семејство. Сè се претвори во циркус и „лешинарење“ по стариот добар српски обичај. Доста беше за Божиќ – започна пејачката.






