Шоубиз
Зендаја руши рекорди: Таа е најмладата актерка која има дури две номинации за наградата Еми
Пред две години Зендаја (25) ја освои наградата Еми во категоријата за најдобра главна улога во серијата „Еuphoria“, со што влезе во историјата како најмладиот добитник на таа награда.
Благодарение на истата улога, Ру Бенет повторно беше номинирана за најдобра актерка и повторно влезе во историјата како најмлада актерка со две номинации во таа категорија. Но, тоа не е крајот на нејзините номинации и соборување рекорди. Годинава беше номинирана и во категоријата продуцент, па во историјата влегува и како најмлада жена номинирана за продукција.




