Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон: Нова љубовна врска или само пријатели?!

Шоубиз

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон: Нова љубовна врска или само пријатели?!

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон: Нова љубовна врска или само пријатели?!

Ким Кардашијан беше видена во друштво на Кортни и Тревис и актерот Пит Дејвидсон, во забавниот парк „Knott’s Scary Farm“ во Калифорнија.

Магазинот „People“ објави екслузивни фотографии како Ким Кардашијан (42) и Пит Дејвидсон (27) се држат за раце додека се возат на една од занимливостите во паркот.

Американските медиуми, но и обожавателите веднаш по објавените фотографии започнаа да шпекулираат за природата на нивниот однос, односно дека ова е можеби почетокот на нова љубовна врска.

Но, блиски извори до Ким ги негираат овие наводи, велејќи дека тие се само пријатели и дека Ким не се обидува ништо да сокрие.

Ким неодамна гостуваше во популарното шоу Saturday Night Live, каде што Пит е дел од главната актерска постава. Ким и Пит се појавија заедно во еден скеч како Аладин и принцезата Јасмин, па дури и се бакнаа.

Но, парот се познава долго пред гостувањето на Ким во SNL и помеѓу нив немало ништо романтично. На социјалните мрежи потојат и фотографии од едно нивно заедничко дружење во ресторан на кое присуствувал и тогашниот сопруг на Ким, раперот Канје Вест.

Пит е познат по љубовните романси со познати девојки од шоубизнисот, тој исто така беше неколку месеци верен со поп ѕвездата Аријана Гранде.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.