Правната битка продолжува: Одбиено барањето на Бред Пит за старателство
Врховниот суд на Калифорнија го одби барањето на Бред Пит во неговата битка со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, за старателство над нивните деца.
Одлуката се однесува на нивните пет малолетни деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (15), и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, најстариот син Мадокс веќе има 20 години и сам донесува одлуки за поминатото време со своите родители.





