Шоубиз
Ким Кардашијан изгуби 250.000 следбеници поради објава за Меланија Трамп
Бројот на следбеници на Ким Кардашијан на Инстаграм драстично се намали поради само една објава. Причината? Фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД, која предизвика лавина од реакции.
Ким, која има огромна публика од околу 358 милиони следбеници, сподели слика на која ја истакна елеганцијата на Меланија. Но, многумина го протолкуваа тоа како политичка изјава. Резултатот? 250.000 луѓе решија да ја отпратат само за неколку минути, објави Дејли Мејл.
Маркетинг агенции специјализирани за инфлуенсери го нарекуваат овој пад „загрижувачки“. Иако Ким досега јавно не се изјаснила за кого навива – Доналд Трамп или Камала Харис – дел од публиката верува дека објавата е јасен сигнал.




