Шоубиз
„Ганс енд Роузес“ најавија голема турнеја во 2017 година
Американската хард рок група „Ганс енд Роузес“ најави дека следната година ќе организира концертна турнеја, во чии рамки ќе има и настапи во Европа, првпат по 23 години.
Групата во јануари ќе настапува во Јапонија, потоа на Нов Зеланд, Австалија, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати, а во европскиот дел од турнејата почнува на 27 мај со концерт во Даблин.
„Ганси“ потоа ќе одржат концерти и во Париз, Стокхолм, Мадрид, Цирих, Минхен, Копенхаген и Прага, а најблизу до нас е настапот во Виена на 10 јули.




