Шоубиз
Крај на една ера: Донатела ја напушта позицијата креативен директор во модната куќа Версаче
Донатела Версаче, помладата сестра на основачот Џани Версаче и жената која ја презеде компанијата по неговото убиство во 1997 година, ја напушта функцијата креативен директор на брендот Версаче по речиси 3 децении.
Според Њујорк Тајмс, Донатела ќе стане главен амбасадор на брендот, што ќе биде почесна улога која вклучува филантропија и појавување на црвениот тепих. Дарио Витале, поранешен директор за дизајн и слика во Miu Miu, е именуван за нов креативен директор на брендот.
Во соопштението за јавноста, Џон Д. Идол, главниот извешен директор на Капри Холдингс, кој го поседува Версаче, како и брендовите Мајкл Корс и Џими Чу, ја нарече одлуката „дел од однапред договорен и многу намерен план“.




