
Шоубиз
ЛИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ: „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот, можеш само да научиш да живееш со тоа“ (ВИДЕО)
Јавноста, по смртта на Тоше Проески, ја заборави Лилјана Петровиќ, менаџерката на македонскиот пејач, која целосно се повлече од јавниот живот и почна да се занимава со одгледување на лаванда.
Таа во емисијата „Утро“ на српската телевизија „Прва“ се вклучила во програма во живо од своите плантажи за лаванда кои почнала да ги одгледува по смртта на Тоше Проески.
– „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот. Можеш само да научиш да живееш со тоа“, изјавила Лилјана.



