Шоубиз
Машин Ган Кели си скрши чаша од глава па крвав продолжи да пее: Реакцијата на Меган Фокс стана вирална
Музичарот Машин Ган Кели (32) целосно полудел среде концерт во Медисон Сквер Гарден. Бил фатен како вика на член на екипажот и како крши гитара. По настапот се забавувал во клуб каде се удрил по глава со чаша шампањ.
Имено, на афтержурката Машин Ган Кели толку се внесол во својот говор така што во еден момент си скршил чаша шампањ од главата, по што извикал: „Ме заболе“, па продолжил да пее.
По инцидентот, на интернет кружи видео од реакцијата на тоа однесување на неговата избраничка Меган Фокс (36).





