Шоубиз
Многумина се убедени дека оваа жена е љубовница на принцот Вилијам: Која е Лејди Роуз Ханбери?
По хаосот со фотошопираната фотографија на Кејт Мидлтон, која Кенсингтонската палата ја објави за Денот на мајката, протече нова фотографија од папараците, на која се гледа како принцот Вилијам го напушта замокот Виндзор, а до него во автомобилот е и неговата сопруга Кејт.
Таа гледа низ прозорецот во далечината, поради што едвај се гледа на половина профил. Освен што оваа фотографија на многумина им изгледа фотошопирано, некои се убедени дека тоа воопшто не е принцезата, туку Сара Роуз Ханбери, за која долго време се шпекулира дека е љубовница на принцот.






