Пејачот Ар Кели прогласен за виновен за изнудување и сексуална експлоатација
Американскиот ар-ен-би музичар Ар Кели беше прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички.
Поротниците на федералниот суд во Бруклин размислуваа повеќе од еден ден пред да гласаат за да го осудат 54-годишниот Кели по сите девет точки од обвинението.
Поротата составена од седум мажи и пет жени, го прогласи музичарот Ар Кели за виновен по судењето во кое обвинителството го претстави како безмилосен предатор кој злоставувал млади девојки.




