Скарлет Јохансон и „Дизни“ постигнаа спогодба за „Black Widow“
Познатата актерка ја обвини компанијата „Волт Дизни“ дека намерно го прекршиле договорот за филмот „Black Widow“ како би и нанеле финансиска штета, а по јавното препирување, тие успејаа да се договорат надвор од судот.
Јохансон, која во филмот ја има улогата на главниот суперхерој, кон крајот на јули ја тужеше компанијата , обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Глумицата сметаше дека оваа одлука ја лишува од можна заработка.





