Шоубиз
Пике снимен како ја слуша Шакира во автомобил, додека таа прави се за да го добие старателството над синовите: Еве што му понудила на Пике
Фудбалерот на Барселона Жерард Пике (35) и пејачката Шакира (45) неодамна ги потврдија шпекулациите за крајот на нивната врска. Тие беа заедно скоро 12 години, а во изјава за медиумите Шакира зборуваше во свои име и во името на Жерард и побара да продолжи да се почитува нивната приватност.
Сепак, секој нивни потег се следи, а сега навивачите го снимиле фудбалерот како заминува со автомобил по тренингот на неговиот клуб Барселона. На видеата може да се види дека Пике е замислен и сериозен и не сака да ги гледа камерите и насобраните фанови.
Но, она што најмногу привлече внимание е музиката што ја слуша. Имено, на снимките може да се слушне песната на Шакира ‘Inevitable’.





