Шоубиз
Почина актерката Мишел Трахтенберг, ѕвездата на „Gossip Girl“: Колегите од серијата се простија со емотивни објави
Веста за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг го потресе Холивуд. Американската актерка, најпозната по улогата на Џорџина Спаркс во серијата „Gossip Girl“, почина на само 39-годишна возраст од природна смрт, најверојатно од компликации по трансплантација на црн дроб.
Извори блиски до актерката потврдија за американските медиуми дека Мишел неодамна била подложена на трансплантација откако со години се борела со зависноста од алкохол. ABC News пишува дека е можно причината за смртта да е поврзана со компликации по операцијата, а полицијата потврдила дека се работи за природна смрт.
Телото на актерката го пронашла нејзината мајка.






