Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина ирската пејачка и кантавторка Шинед О’Конор

Шоубиз

Почина ирската пејачка и кантавторка Шинед О’Конор

На 56-годишна возраст почина познатата пејачка Шинед О’Конор.

Ирската пејачка се прослави ширум светот во 1990 година со хитот „Nothing Compares 2 U“, а потоа и со бројните нумери како „Troy“, „No man’s woman“ и други.

Според „Дејли мејл“, пејачката починала по тешка, едногодишна битка со менталното здравје.

Да потсетиме, пред една година нејзиниот син Шејн (17) се самоуби по бегството од болница, што тотално ја погоди Шинед.

Во својот последен твит, О Конор објави фотографија од нејзиниот син Шејн и напиша:

– Оттогаш живеам како полумртво суштество. Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа.

Шинед починала во својот дом во Лондон, а лондонската полиција објави детали за смртта на пејачката.

„Шинед О’Конор вчера попладне беше пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Лондон. Веднаш била алармирана брзата помош, но на пејачката не можеле да и помогнат и лекарите можеле само да констатираат смрт“, се вели во соопштението.

Извештајот од местото на настанот е веќе проследен до форензичарите, истакнувајќи дека смртта на пејачката на 56-годишна возраст не се третира како сомнителна, пренесува BBC.

Со ова лондонската полиција ги отфрли сомнежите дека ирската пејачка извршила самоубиство.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.