Шоубиз
Почина пејачот Џорџ Мајкл
Славниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неговиот публицист.
Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.
Полицијата соопшти дека не се утврдени никакви сомнителни околности во врска со неговата смрт.




