Шоубиз
Полицијата потврди: Започнаа апсења за смртта на Метју Пери
Американскиот актер Метју Пери почина во октомври минатата година на 54-годишна возраст. Полицијата потоа започна истрага за да открие кој му дал на покојниот актер кетамин од кој починал. Денеска полицијата извести дека е уапсено „најмалку едно“ лице поврзано со неговата смрт, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на судскиот совет од Лос Анџелес претходно изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење. Полицијата во Лос Анџелес во мај соопшти дека соработува со американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во истрагата за да открие зошто 54-годишникот имал толку високо ниво на кетамин во крвта.
Имено, Пери бил пронајден со лицето надолу во неговото џакузи на 28 октомври, а болничарите кои биле повикани веднаш констатирале смрт. Неговата аутопсија, објавена во декември, откри дека количината на кетамин во неговата крв е во опсегот што се користел за општа анестезија за време на операција.




