Зејн Малик и Џиџи Хадид повеќе не се заедно, нејзината мајка го обвинува за насилство
Популарниот млад пар Џиџи Хадид и Зејн Малик повеќе не се заедно.
Веста за раскинувањето одекна откако мајката на супермоделот, Јоланда, го обвини Малик дека ја удрил за време на расправија.
Јоланда Хадид планира да го пријави случајот во полиција, а пејачот вели дека иако се расправале, тој не ја удрил, но очигледно ситуацијата ескалирала бидејќи изворите тврдат дека Зејн и Џиџи, кои заедно имаат едно дете, повеќе не се заедно.




