Шоубиз
Шестгодишниот син на раперот Фло Рида итно префрлен во болница по пад од петти кат на зграда
Шестгодишниот син на американскиот рапер Фло Рида, Зохар, бил префрлен во болница откако паднал од прозорец од петти кат на зградата во Џерси Сити, каде живеел со својата мајка.
Инцидентот се случил на почетокот на март, но беше објавен токму сега, откако мајката, Алексис Адамс, поднесе тужба против градежна фирма и фирма за монтажа на прозорци, кои се обвинуваат дека одговорни за падот на детето.
Зохар се здобил со сериозни повреди, вклучувајќи повреда на црниот и белиот дроб, скршеници на стапалото и карлицата, и внатрешно крварење.




