Шоубиз
Има ли проблеми во бракот на Бритни Спирс и Сем Асгари?
Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс (41) отпатува на Хаваи со својот долгогодишен пријател и менаџер Кејден Хадсон, додека нејзиниот сопруг Сем Асгари го оставила во Лос Анџелес.
Меѓутоа, британскиот Дејли Мејл истакнува дека постојат гласини дека бракот на Спирс и Асгари е на работ да се распадне, откако двојката била забележана без бурми на прстите. Наводно, Сем бил виден без прстен, додека Бритни го извадила својот пред да отпатува на Хаваи со Хадсон.
