Шок на промоцијата на новиот албум на Канје: Најпрво се запали на сцената, а потоа се појави и Ким во венчаница
Во склоп на промоцијата на престојниот албум, Канје Вест организираше забави и концерти на стадиони. На последниот таков настан, раперот ја шокираше публиката кога се запали на сцената, а исто така му се придружи и поранешната сопруга.
⛽️#Donda pic.twitter.com/ifK1Tbr7iW
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
За време на последната песна на концертот „No Child Left Behind“, на Канје на сцената му се придружи Ким Кардашијан. Таа беше облечена во бела „Balenciaga“ венчаница, со вел преку лицето. Кога стигнала до него светлата се исклучиле.




