Шоубиз
Карлеуша се појави во суд без шминка: Донела одлука дали ќе го гони сопругот Душко
Јелена Карлеуша (43) вчера имаше рочиште во Првото основно обвинителство во Белград поради нејзината пријава за сопругот Душко Тошиќ (37), кого на 7 јануари го пријавила за семејно насилство.
Пејачката која носеше тиркизен комплет, на суд дојде во друштво на нејзиниот менашер и пријател Зоран Бирташевиќ. Таа не сакала да дава изјави за насобраните новинари, а пред Првото основно обвинителство изјави дека не сака да го гони сопругот Душко, како што пренесуваат српските медиуми.
За својот ден на суд Јелена се огласи на својот Инстаграм профил со своја фотографија. „Нормално однесување / тешка мигрена / ден на суд / без шминка / ден за исплашување на папараците“, напиша таа.




