Снимка од SNL каде Пит го исмејува Канје стана вирална (ВИДЕО)
Иако Ким Кардашијан (41) е категорична дека на бракот е ставена точка, Канје Вест (44) не се откажува од нивната љубов. Откако и испрати автомобил полн со рози за Денот на вљубените, на интернет почна да кружи видео на кое новото момче на Ким, Пит Дејвидсон (28) го прозива раперот.
Снимката од SNL е од 2018 година, а уште тогаш познатиот комичар го коментираше однесувањето на Вест, по некои негови тогашни јавни испади.
-Колку треба да бидеш лош во политиката за да забележам дури и јас – рече Пит, кој потоа продолжи да го коментира менталното здравје на Канје.




