Шоубиз
Се ожени главниот актер од серијата „How I Met Your Mother“: Тед Мозби го кажа судбоносното „да“ на 50 години
Актерот Џош Раднор, ѕвезда на серијата „How I Met Your Mother“, се ожени на 50-годишна возраст со клиничкиот психолог Џордана Џејкобс, а радосната вест и прекрасните свадбени фотографии направени на снег ги сподели на социјалните мрежи со емотивен опис.
„Се оженив! Пред две недели. Во мала снежна бура. Беше неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на толку многу луѓе што дојдоа во имотот „Cedar Lakes“ за да бидат со нас. Но, најмногу од сè, благодарен сум на Џордан. Не ми се верува дека оваа извонредна жена можам да ја наречам своја сопруга“, напиша тој.




