МК Сцена
Со филмот „Ослободување на Скопје“ почна 37. фестивал „Браќа Манаки“
Свеченото отворање се одбележа најпрво со перформансот на режисерот Мартин Кочовски и со визуелен концепт на Филип Јовановски. Преку енергичниот сценски перформанс се вообличи идејата на Кочовски да прикаже неколку животни циклуси, инспирирана од мотото на фестивалот, „Movie on”, што го толкува како да се продолѓи да се снима, но и да продолжи да се живее.
Директорот на фестивалот Благоја Куновски- Доре ги поздрави сите вљубеници во филмската уметност и го претстави жирито на фестивалот: Ајлин Алин Ташчијан, Клер Пијман, Владимир Самоиловски, Ѓокан Тирјаки и Федон Папамихаил, претседател и воедно добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светката филмска уметност.
– „Многу сум среќен што го доживеав овој момент. Долго време се занимавам со филмот и не знам кога ова повторно ќе ми се случи. Им се заблагодарувам на сите што помогнаа во снимањето на овој филм, истакна легендарниот актер и режисер Раде Шербеџија по синоќешното завршување на македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ со кој беше отворен 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.















