Музика
Сопругата на Честер Бенингтон проговори за неговата смрт
Сопругата на фронтменот на бендот „Линкин парк” Честер Бенингтон, кој веќе не е меѓу живите, изјави дека ја чувствува љубовта на неговите обожаватели, но ја чувствува и загубата.
Талинда Бенингтон појасни дека сака „обожавателите во целиот свет да знаат дека ја чувствуваме нивната љубов”. – Ја чувствуваме и вашата загуба“, истакна таа.
Честер Бенингтон се обеси во спалната соба во својот дом во близина на Лос Анџелес минатата недела. Истражителите потврдија дека тој се самоубил.




